МЗТ Скопје Аеродром во првиот контролен меч во пресрет на новата сезона домашен терен го победи Гостивар со 87-77. Андрија Бојиќ беше убедливо најдобар со 33 поени, Хасани Гравет реализира 17, Бојан Крстевски 12, а Тодрик Гочер беше стрелец на 10 поени.
Поради полесни повреди, на оваа средба не настапија Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Феми Олуџоби и Адем Мекиќ.
Мозли Стаки со 23 поени се истакна во редовите на Гостивар, а Александар Костовски уфрли 11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА