МЗТ Скопје потврди – Лука Савичевиќ ќе игра за МЗТ2

МЗТ Скопје продолжи со ангажманот на нови млади кошаркари откако денеска го официјализираше трансферот на Лука Савичевиќ. Деталите од договорот беа договорени уште пред повеќе од еден месец, за денеска и официјално да биде потврдено дека Савичевиќ следната сезона ќе ја мине во вториот тим на „металците“.

Станува збор за 18-годишно момче високо 190 сантиметри, кое настапува на позицијата плејмејкерр. Тој во февруари годинава се најде на поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, како уште еден доказ за неговиот потенцијал.

„Савичевиќ следната сезона ќе настапува во Првата лига и тоа во дресот на нашиот втор тим МЗТ Скопје Уни Банка, каде што ќе работи со новиот тренер Борче Даскаловски, кој од него очекува да се наметне како еден од лидерите на овој млад и екстра талентиран состав. Прволигашкото искуство сигурно ќе биде од исклучително значење за него, уште повеќе што ќе игра претежно со врсници со кои веќе има настапувано во националниоте селекции“, информираат „металците“.

Се вчитува...