МЗТ Скопје пред сериозен испит во Црна Гора

МЗТ Скопје ќе има исклучително тешка задача на гостински терен против Сутјеска (19 часот) да остане непоразен во рамките од АБА2-лигата, по четирите стартни победи на македонскиот првак во регионалното натпреварување. „Металците“ по големиот триумф над Борац Чачак во саботата се „лизнаа“ во домашното првенство против Гостивар, па јасно е дека ќе мора да одиграат многу подобро доколку сакаат да се кренат на повисоко ниво ако сакаат да стигнат до позитивен исход.

Во секој натпревар влегуваме со желба да го надмудриме противникот, не гледам причина да не биде така и во пресметката со Сутјеска. Лигата е издамнета, нема лесно противници и мора да се игра максимално за да се дојде до целта“ – истакна Нуни Омот, еден од најдобрите кошаркари на МЗТ на стартот од сезонава.

Сутјеска минатата сезона рутински славеше на домашен терен над македонскиот претставник со 91-79.

„Секој меч е исклучително важен, сигурен сум дека ќе имаме максимално сериозен пристап против Сутјеска. Станува збор за екипа со огромно искуство и екстремен шутерски квалитет, секој играч може да погоди буквално од секоја позиција. Мораме да најдеме начин да ја намалиме нивната прецизност“ – вели тренерот Ѓорѓи Кочов во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...