МЗТ Скопје „рутински“ до ново финале во Купот

МЗТ Скопје го ја доби полуфиналната пресметка против Академија ФМП со 72-92 и го осигура своето место во 14. клупско финале во Купот на Македонија. Аеродромци на денешниот меч ја искорситија ширината во ростерот, одиграа агресивна одбрана над бековската линија на ФМП со што го нарушија нападот на „пантерите“ и сосема заслужено славеа на средбата.

Академија ФМП подобро го започна натпреварот. Избраниците на Петровиќ успеваа да направат вишок во нападот и лесно ги реализираа отворените обиди. МЗТ Скопје се мачеше да реализира во зонската одбрана на противникот, но „сино-белите“ добро трчаа во транзиција каде ги користеа изгубените топки на ФМП па по 10. минути игра имаа предност од 16-18. Агресивната одбрана на МЗТ Скопје над бековската позиција на ФМП целосно го наруши ритамот во организација на нападот на „пантерите“, а влезот на Бојиќ донесе предност во вистина во нападот на „штрковите“. Србинот го полнеше рекетот на ФМП па МЗТ Скопје стигна и до двоцифрена предност која ја одржа и на полувремето (29-39).

МЗТ Скопје продолжи да го диктира темпото и на отварањето на второто полувреме во кое преку агресивната одбрана над Харис и Крстајиќ целосно го поремети ритамот на Академија ФМП. Избраниците на Петровиќ постигнаа само три поени за речиси осум минути игра, а тоа го искористија „сино-белите“. Течниот напад носеше лесни поени за аеродромци, кои стигнаа и до +24 (35-59). Опуштањето на агресивноста во добрата на МЗТ Скопје ја искористи ФМП кој со серија на тројки во врати ритамот во нападот, но и покрај тоа на истекот на 30. минута остана високата предност на аеродромци (48-69). Последната четвртина беше само формалност во која сите играчи на двата тима добија шанса на паркетот.

Андреја Бојиќ беше предводник на МЗТ Скопје со 18 поени, Кристијан Николов додаде 14 поени и 3 асистнеции, додека со по 11 постигнати поени натпреварот го завршија Крстевски, Олуџоби и Карачиќ. Стефан Крстајиќ беше најрасположен кај „пантерите“ со 29 поени, додека 13 поени, 5 скока и 3 асистенции додаде Рони Харис.

Се вчитува...