МЗТ Скопје се пријави за настап во ЛШ на ФИБА

МЗТ Скопје е подготвен за нов меѓународен предизвик, откако веднаш по враќањето на шампионската титула раководството на „сино-белите“ донело одлука да го пријави тимот за настап во Лигата на шампионите на ФИБА. Работнички по освојувањето на ланската титула воопшто не се пријави за настап во ова европско натпреварување, но „металците“ решија да бидат дел од ЛШ наредната сезона.

„За сите нас е важно да не се игра само во Македонија, туку и да се излезе во Европа, да видиме до каде сме навистина стигнати“ – изјави тренерот Кочов по освоената титула.

Во тек е пријавувањето на учесниците, по што европската куќа на кошарката ќе ги објави сите екипи, но и во која фаза од натпреварувањето ќе почне со настап македонскиот првак.

Во меѓувреме, се водат преговори за формирање на „ростерот“ за наредната сезона. Клубот ќе го напуштат Американците Лестер Медфорд и Џејмс Вудард, на чие место ќе бидат донесени нови играчи за засилување на бековската линија.

Се вчитува...