Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје повторно се мачеше во Гевгелија на стартот на Суперлигата. Откако минатата година беа поразени од Блокотехна, годинава сепак успеја да извлечат победа против Кожув (76-78).
Натпреварот почна израмнето двата тима играа одлично, а по првите десет минути резултатот на семафорот беше нерешен (21-21). Во втората четвртина актуелниот македонски шампион со добра игра во одбраната успеа да го сопре Кожув на само 16 поени и на пауза да замине со предност од (37-42).
Во вториот дел домаќините експлодираа погодуваа од секоја ситуација, а третиот период успеаја да го добијат со осум поени разлика и пред последните десет минути да влезат со позитива од (63-60). Сепак во последната четвртина избраниците на Кочов успеаја да ја стегнат одбраната, а на противникот да му дозволат само 13 поени кои беа клучни за конечна победа на МЗТ од 76-78.
Прв поентер кај „металците“ беше Омот со уфрлени 18 поени, додека Крстевски постигна 16. Кај Кожув Пејн уфрли 16, Караџовски 15, а Стајиќ 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА