МЗТ Скопје славеше убедливо, но се повреди Николов

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа и втората победа во рамките од подготовките за новата сезона, откако „металците“ триумфираа над Вардар со 99-49. Дамка на победата остави повредата на Кристијан Николов, кој поради проблем со коленото мораше да биде заменет во текот на третата четвртина и повеќе не се врати на теренот.

За среќа не станува збор за ништо посериозно. Противнички кошаркар падна директно врз коленото на Николов, но лекарските прегледи покажаа само хиперекстензија, нема никакво оштетување на лигаментите“ – информираат за ЕКИПА од МЗТ Скопје.

Со оглед на фактот дека „металците“ сезоната во АБА2 ќе ја стартуваат на почетокот од месец октомври, има сосема доволно време за младиот плејмејкер целосно да се рехабилитира и да биде стопроцентно подготвен за предизвиците во новата сезона.

Се вчитува...