МЗТ Скопје во Белград на гости кај шампионот на АБА

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (18 часот) му гостуваат на шампионот Црвена звезда, меч во кој е јасно дека македонскиот првак е апсолутен аутсајдер, но и дуел во кој „металците“ немаат што да загубат, па можат со опуштена игра да се обидат да приредат изненадување. Проблем за нив е што и „црвено-белите“ ќе бидат максимално мотивирани откако Црвена звезда неочекувано претрпе порази во претходните две кола со Будуќност и со Цедевита, па тимот предводен од Перо Антиќ ќе стори се за да ја прекине оваа мини-серија.

Играме против најдбориот тим на просторот на поранешна Југославија, тим што повторно е апсолутен фаворит за титулата во АБА без оглед на претходните два порази. Знаеме од каде доаѓа најголемата опасност – тоа е квартетот странци потмогнати од Мирко Бјелица. Ова е меч на кој немаме што да загубиме, ќе играме без никаков притисок Се надевам дека двете екипи ќе прикажат допадлива игра во белградскиот храм на кошарката“ – изјави Александар Тодоров.

Во текот на изминатата седмица „металците“ се разделија од Американецот Џенсен, а новото засилување Спасојевиќ нема да настапи вечерва.

Ќе играме против тим што успешно се носи и со најдобрите европски екипи. Црвена звезда неделава играше два исцрпувачки натпревари во Евролигата и сигурно домаќините ќе бидат изморено, што оди во наша корист. Сепак, станува зб ор за тим кој има долга клупа и широка ротација со што сигурно ќе го компензира заморот. Ние сигурно нема однапред да се предадеме, туку ако ни се укаже и најмала шанса да го изненадиме фаворитот ќе се обидеме да ја искористиме“ – истакна Бобан Стајиќ во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...