МЗТ Скопје во финишот го урна отпорот на Куманово

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје стигна до тешка победа на гостувањето кај Куманово од 65-70 во натпревар од 15. коло во првата лига. Домаќините пружија одличен отпор против големиот фаворит и имаа водство се до финишот на мечот кога поголемиот квалитет на гостите дојде до израз.

Домаќините го отворија подобро натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 18-16. Во втората четвртина се играше израмнето, а кумановци на полувреме заминаа со минимална предност од еден поен 31-30. Во второто полувреме се играше во егал се до последните три минути кога гостите успеаја да го урнат отпорот на домашниот тим и на крајот да стигнат до конечен триумф од 65-70.

Џуан Дејвис со 17 поени и беше прво име во таборот на победникот, додека со 15 заврши Бојан Крстевски. Кај поразените залудна беше одличната партија на Де’кван Еброн кој натпреварот го заврши со 18 поени, а 16 уфрли Ненад Зивчевиќ.

Се вчитува...