МЗТ славеше и на вториот тест дуел против романска Крајова (81-69)

Кошаркарите на МЗТ Скопје победија и на вториот пријателски меч против романска Крајова (81-69). Во седмиот контролен дуел пред стартот на сезоната „металците“ ја запишаа и шестата победа.

Триумфот беше осигуран со серијата 9-0 во втората половина од последната четвртина за прво двоцифрено водство (70-60), кое потоа македонскиот шампион го одржа до самиот крај.

Џабари Хиндс беше најефикасен во сино-белиот тим со 24 поени, на кои додаде четири украдени топки и три скока. Марко Симоновски постигна 17 поени, Дамјан Стојановски беше стрелец на 12, Бојан Крстевски на 11 поени, додека Нуни Омот реализира осум, а Андреј Магдевски пет поени.

Се вчитува...