МЗТ сонува за изненадување против Цедевита

МЗТ Скопје по репрезентативната пауза се враќа на обврските во АБА-лигата, каде Александар Тодоров и неговите избраници се свесни дека мора што поскоро да почнат да победуваат за да не останат заковани на дното и да ги сведат своите шанси за опстанок само на теорија. Сепак, веројатноста серијата порази да биде прекината токму денеска се минимални, со оглед на фактот дека македонскиот првак во Загреб му гостува на хрватскиот шампион Цедевита (17 часот), тимот што важи за еден од главните фаворити за титулата во АБА-лигата сезонава.

Против Цедевита пвпат ќе играме во составот што во моментов го имам на располагање. Потребно е време за воигрување, но такво нешто немаме и свесни сме за тоа. Наша примарна цел е да видиме колку можеме да се носиме со една од водечките екипи во АБА, и тоа на нејзин терен. Против себе имаме исклучително квалитетен тим, со одлични поединци, и тоа по двајца на секоја позиција. Противникот е голем фаворит, но ние на паркетот во Загреб дефинитивно ќе истрчаме без бело знаме“ – изјави тренерот Тодоров.

Денешниот дуел воедно ќе биде и деби за македонскиот репрезентативец Дарко Соколов, коj пристигна во таборот на МЗТ Скопје од редовите на Карпош соколи.

Свесни сме дека играме против една од најдобрите екипи во АБА, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Најважно е да ја одиграме нашата игра и да се придржуваме најдобро што може на договореното во соблекувалната. Ако го сториме тоа, би можеле да се надеваме на изненадување во Загреб“ – истакнува Соколов.

Се вчитува...