МЗТ во нова авантура во АБА2 – Слобода да падне во Аеродром

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (19 часот) ќе ја стартуваат новата сезона во АБА2 лигата, а прв ривал на „металците“ ќе биде тимот на Слобода. Македонскиот првак претрпе значителни промени во составот, се променија сите странски кошаркари во однос на ланската сезона, па јасно е дека тренерот Кочов на стартот од сезонава ќе треба да вложи дополнителен труд за екипата што поскоро да се воигра.

Слобода е тим што дојде до последната вајлд-карта за влез во АБА2, претставникот на БиХ се засили со неколку квалитетни засилувања во пресрет на сезонава. Гостинот сигурно ќе се обиде да приреди изненадување во Скопје, но МЗТ ја има фаворитската улога, како еден од кандидатите за влез во АБА1.

Мислам дека подготвителниот период мина успешно. Игравме со силни екипи, што беше добредојдено за да си ги увидиме слабостите и да видиме што треба да поправиме. Стартуваме утре против Слобода, немаме премногу сознанија за противникот, но ако играме како што знаеме верувам дека ќе дојдеме до посакуваната победа“ – изјави капитенот Дамјан Стојановски во пресрет на денешната средба.

Се вчитува...