МЗТ „замрзнат“ на „минус 33“ од Орадеа

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа првиот пораз во летниот подготвителен период, и тоа преубедлив со 97-64 на дуелот со Орадеа, во рамките од турнирот чиј домаќин беше овој романски прволигаш.

Откако вчера во одличен меч го совладаа Шолнок, „металците“ денеска целосно потрфлија, покажувајќи дека се уште не се подготвени да одиграат во високо темпо два меча во рок од 24 часа. Противникот знаеше како да го искористи тоа, па уште од самиот почеток тргна офанзивно, за Орадеа да ги добие првите десет минути игра со преубедливи 38-17. Домаќините продолжија со одлична игра и во втората четвртина, на одмор заминувајќи со уште поимпресивни 63-34.

Прашањето на победникот беше решено, па романскиот тим без никакви проблеми го исконтролира убедливото водство до самиот крај и конечните „плус 33“ против македонскиот првак.

Се вчитува...