На 37 години има клаузула од 40 милиони евра: Адуриз во Билбао до 2019 година

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адуриз, ја продолжи соработката со клубот до 2019 година, а новата откупна клаузула изнесува 40 милиони евра. Шпанецот во февруари ќе наполни 37 години, но се уште игра на високо ниво, мрежите во Шпанија редовно ги тресе, па раководството ја цени посветеноста на Адуриз кон баскискиот клуб.

Голгетерот во 2012 година по трет пат го облече дресот на Билбао, а од тогаш 88 пати се запиша во листата на стрелци. Севкупно има одиграно 337 натпревари за Билбао на кои постигна 154 гола, а својата најдобра сезона во кариерата ја одигра минатата сезона, во која вкупно постигна 42 гола во сите натпреварувања.

Се вчитува...