На Богдановиќ не му се брза: Парите се важни, но не и пресудни

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ се уште не одлучил во кој правец ќе тече неговата НБА кариера. Има бројни понуди за заминување од Сакраменто кој, пак, сака да го задржи нудејќи му нов максимален договор.

Иако е во игра договор вреден 51 милион долари, Богдановиќ вели дека нема да се води според парите кога ќе ја носи одлуката.

„Немам ништо против и да останам, сите знаат дека го сакам Сакраменто. Ова е одличен тим. Сепак, не сакам да избрзувам со одлуката. Не се знае, ќе се разгледаат убаво сите понуди“ – вели Богдановиќ не криејќи дека е среќен таму каде што е.

„Сакам најпрво да видам во која насока ќе се движиме како тим. Затоа што парите се важни, но не се пресудни за мене околу носењето на одлуката“ – дополнува српскиот кошаркар.

Минатата сезона Богдановиќ бележеше 14,1 поен, 3,8 асистенции и 3,5 скока по натпревар во просек, за 27 минути на паркетот.

Се вчитува...