ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Горан Бошев
Дарко Велковски погреши за вториот гол на Грузија, со кој и дефинитивно домашната селекција стигна до победата.
После мечот селекторот Благоја Милевски го коментираше тој момент, и му даде целосна поддршка на стоперот, притоа не коментирајќи дали на следниот меч ќе биде во комбинација.
„Дарко Велковски е одличен играч. Него му е најтешко во моментов, но ја има мојата поддршка и поддршката од момците“, рече Милевски.
Милевски не сакаше да коментира за поединци играчи, односно не одговори од кои играчи е незадоволен.
„Јас го гледам тимот. А, тимот одигра одлично, и уште еднаш ќе повторам дека поразот е незаслужен. Ако во Скопје одигравме добро само едно полувреме, тука сметам дека доминиравме во текот на целиот меч, но на крајот, за жал, недостасуваше реализацијата и ефикасноста“, изјави селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА