На Динамо му се заканува катастрофа во Солун: ПАОК од 0-2 во Загреб, сега има предност до полувремето

Динамо Загреб е пред елиминација од Лигата на Конференции, откако губи во Солун после едно полувреме со 3-0. За потсетување дека „модрите“ на свој терен славеа триумф со 2-0, и беа блиску до пласман  1/4 финалето, меѓутоа после првото полувреме сега се пред елиминација.

И тоа ПАОК ги постигна головите за само 15 минути во првиот дел. Најпрво Баба во 27. минута донесе предност, па автогол на Сучиќ во 34. минута, а потоа и гол на Томас во 42. минута.

Стефан Ристовски игра во првиот состав на гостите од Загреб.

Се вчитува...