Александар Исак по секоја цена сака да го напушти Њукасл Јунајтед ова лето давајќи му дознаење на премиерлигашот дека не планира да одигра уште еден натпревар во „црно-белиот“ дрес па и тоа да значи дека ќе ја пропушти целата престојна сезона.
Њукасл Јунајтед очекувано не сака да го продаде својот најдобар фудбалер под бараната цена од 150 милиони евра па затоа и беше одбиена понудата од 127 милиони евра од страна на Ливерпул. Преговорите се во застој па шведскиот репрезентативец кој не е дел од составот бара што поскоро да се реши проблемот.
Исак пристигна во Њукасл Јунајтед во 2022 година и веднаш стана омилен меѓу навивачите постигнувајќи 62 голови и 11 асистенции на 109 одиграни средби, но во желба за преселба драстично се нарушија односите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

