На двата досегашни меѓусебни дуели со Италијанците неизвесно до крај: Трајковски стрелаше во Торино (ВИДЕО)

Македонската репрезентација вечерва од 20:45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо го очекува историскиот свој натпревар од полуфиналето во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Македонија досега има само два натпревари со Италија, и тоа во квалификациите за СП 2018, со еден пораз (2-3) во Скопје и реми (1-1) во Торино.

Но, и на двата натпревари беше максимално неизвесно до крај. Италијанците и во Скопје до триумфот дојдоа со пресврт во самиот финиш, со головите на Имобиле во 75. и во 91. минута. Претходно, Несторовски и Хасани беа стрелци на головите за Македонија на мечот кој се одигра на 9. октомври 2016 година.

На 6. октомври 2017 година, пак, стрелец на единствениот гол за Македонија во ремито (1-1) во Торино беше Александар Трајковски.

Се вчитува...