На Хјустон не му помогна ниту „трипл-дабл“ ефектот на Харден

Њу Орлеанс синоќа не можеше да смета на својот најдобар играч ДеМаркус Казинс, но и покрај хендикепот, славеше на домашен терен против фаворизираниот Хјустон со 128-112.

На гостите од Хјустон не им помогна ниту фантастичното издание на Џејмс Харден, кој запиша нов „трипл-дабл“. Популарниот Брада мечот го заврши со 41 поен, 14 скока и 11 асистенции. Пеликанси до победата ги носеше Соломон Хил со 30 поени, седум асистенции и шест скока. Одличен беше и Ентони Дејвис со 24 поени и 15 скока.

Вашингтон на домашен терен славеше против Чикаго со 112-107. Бредли Бил за домаќинот постигна 24 поени, додека Џон Вол постигна 14 поени и подели рекордни 20 асистенции. Кај Булси се издвои Џими Батлер со 28 поени и по пет скока и асистенции.

Мајами ја запиша и седмата едноподруго победа на домашен паркет. Последна нивна жртва беше Минесота која загуби со 123-105. Во победничкиот тим се истакнаа Тајлер Џонсон и Хасан Вајтсајд со по 23 поени. Горан Драгиќ забележа 19 поени и 10 асистенции. Карл-Ентони Таунс за гостите постигна 31 поен и дополни со 11 скока.

Во останатите дуели Бруклин загуби од Бостон со 95-98, Детроит загуби од Торонто со 75-87, Орландо на гости славеше против Феникс со 109-103, а Милвоки на гостински терен беше подобар од ЛА Лејкерс со 103-107.

Се вчитува...