На каталонците им олесна, Меси ќе биде подготвен за дуелот со Баерн Минхен

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, доби силен удар во тетивата на синоќешниот меч против Наполи, но, сепак, ќе биде подготвен за настап на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Денешните лекарски прегледи покажале дека не се работи за сериозна повреда која би можела да го отстрани Аргентинецот подолг период од терените.

Меси заработи силен удар од Калиду Кулибали пред самиот крај на првото полувреме, а судијата Џунејт Чакир по прегледување на ВАР снимката покажа и на белата точка.

Меси во моментот се пожали на силна болка, но го доигра натпреварот, а веќе денеска се чувствувал и многу подобро.

Се вчитува...