На крилјата на навивачите: Се почнува, и се завршува со публиката!

Очигледен беше дополнителниот мотив, амбиција за победа и желба за докажување кај македонските репрезентативци на првиот пријателски натпревар против Словенија од подготовките за настапот на ЕВРО 2020. И тоа, се чини, се понесено и на крилјата на присутната публика на „Тодор Проески“ која, објективно, носи дополнителен елан за репрезентативците.

Сето тоа не го криеаја по мечот и македонските херои кои отворено нагласуваа дека сосема поразлично се чувствуваат на терен кога има публика на трибините. Затоа што нескриен е фактот дека спортските мегдани и се одржуваат за навивачите. Се почнува, и се завршува со публиката на трибините.

„И благодарам на публиката и поддршката која ни ја даде на натпреварот со Словенија. Се надевам дека ќе биде исто и со Казахстан за да не испратат на најубав можен начин на Европското првенство“ – истакна и Елиф Елмас по дуелот со Словенците, кој не крие.

„Секако дека има разлика кога играте пред публика и добивате таква поддршка“.

Македонија денеска го игра и последниот тест дуел пред заминувањето на Европското првенство. Пресметката против Казахстан вечерва од 18 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје повторно ќе биде со 30% исполнетост на трибините од вкупниот капацитет на најголемиот македонски стадион.

Се вчитува...