На Лапорта му пукна филмот: Куман си оди, почнаа преговорите со Чави

Роналд Куман дефинитивно нема да продолжи да ја води Барселона и наредната сезона, откако резултатската криза на каталонскиот гигант се продлабочи со вчерашниот пораз на домашен терен од Селта. Не само што трката за титулата е загубена, туку голем дел од фудбалерите се погласно изразуваат сомнеж дека Барса може со овој тренер да се бори за трофејот наредната сезона, поради што претседателот Лапорта донел одлука за тренерска смена, што ќе биде официјализирана по одигрувањето на последното коло.

Веќе е познато и кој тренер Лапорта сака да го види како предводник на тимот за новата сезона – клупската легенда Чави Хернандез. Извонредниот плејмејкер почна успешна тренерска кариера во Ал Сад, неодамна тој потпиша нов двогодишен договор со катарскиот клуб, но во него има клаузула што го ослободува доколку добие понуда од Барселона.

Управата на Барса веќе разговарала со Лионел Меси, кој е подготвен да потпише нов договор, но и го „одобрил“ враќањето на својот поранешен соиграч, сега како тренер на каталонскиот гигант. Се очекува тренерската дилема да биде целосно разрешена до почетокот на ЕВРО 2020, по што Барса ќе почне со ремонтот на играчкиот кадар и создавање на екипа со која ќе се атакува на трофеи во Шпанија, но и во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...