На Лион не му оди без Мемфис Депај

Лион слабо ја стартуваше новата сезона во францускиот шампионат откако денеска ремизираше на домашен терен против аутсајдерот Брест (1-1). Заминувањето на Мемфис Депај во Барселона дефинитивно остави трага, Лион делуваше безидејно во голем дел од мечот, па мораше да спасува бод откако гостите први дојдоа во водство.

Кардона го постигна водечкиот погодок за Брест, а потоа при резултат 0-1 гостинските фудбалери промашија уште неколку убави шанси за постигнување на втор гол, по што казната стигна на спротивната страна откако „резервистот“ Слимани одлично се снајде и израмни на 1-1.

Во вториот меч што е денеска на програмата во француското првенство Троа ќе го пречека големиот фаворит ПСЖ.

Се вчитува...