На Максимов за поразот му беа виновни судиите!

Кој губи има право да се лути, така и искусниот тренер на клупата на Чеховски медведи, Владимир Максимов, причината за поразот од Металург (25-24) ја најде во судиските одлуки! Чеховски медведи во поголем дел од натпреварот беа во негатива, на крајот успеаја да ја намалат негативата, но не и да ја искористат шансата за пресврт. Максимов упати честитки до Металург за победата, ја исткна добрата партија на голманот Даниловски, но се осврна и на судиите.

„Последните минути од натпреварот минаа во голема борба. Не успеавме да дадеме многу голови кога имавме шанса еден на еден со голманот Даниловски. Последните минути ја одбележаа и некои судиски грешки кои мислам дека беа против нашиот тим. Честитки за Металург за победата. Се работи за млад тим, кој се избори за посакуваните бодови. За нив оваа победа сигурно ќе биде многу корисна и многу ќе им значи за понатаму“ – рече Максимов.

Се вчитува...