На мечот со Шпанија: Македонија ги испраќа хероите за Полска!

На квалификацискиот натпревар на А репрезентацијата против Шпанија вечерва од 20:45 часот на националната арена во Скопје, Македонија ќе ги испрати и нашите херои, младите репрезентативци, на Европското првенство во Полска.

Младата селекција на Македонија, под палката на селекторот Благоја Милевски, утре заминува за Полска каде ќе се реализираат последните пет дена подготовки пред првиот натпревар на ЕП, токму против Шпанија на 17. јуни во Гдиња.

Вечерашниот спектакл на „Телеком арената“ ќе биде искористен и домашната фудбалска јавност да ги поздрави младите репрезентативци кои пред мечот ќе продефилираат на нашиот најголем стадион…

Се вчитува...