„На Меси му треба Барселона, а на Барса и треба Лео“

Легендарниот шпански фудбалер Чави е убеден дека Лионел Меси ќе остане во Барселона. Како што вели, тој е подготвен и да се обложи дека до крајот на сезоната ова ќе биде така. Аргентинецот е слободен играч од 1 јули, откако му истече договорот со каталонскиот клуб.

Легендарниот фудбалер на Барса изјави дека Лео веќе е во завршни преговори со челниците на Барса, па наскоро очекува и официјализирање на соработката.

„Сè укажува на тоа дека Меси ќе потпише нов договор. Ситуацијата на пазарот е таква, мора да бидеме трпеливи. Претпоставувам дека веќе е во преговори со претставниците на клубот и претседателот. Му посакувам се најдобро на Меси, како пријател и како навивач на Барселона. Би сакал да остане. Се надевам дека ќе се постигне договор и дека наскоро сè ќе биде официјализирано. Мислам дека ќе биде така за неколку дена“, рече Чави.

Меси пристигна на „Ноу Камп“ како тинејџер, а Барселона е единствениот клуб во кој играл во својата професионална кариера.

„Ако требаше да се обложам, би типувал дека тој ќе остане, иако видовме многу чуда во фудбалот. На Меси му треба Барселона, а на Барса и треба Лео. Тој е среќен, го помина целиот свој живот во овој клуб“, заклучи Чави.

Се вчитува...