На раб на финансиски колапс е Монако, меѓутоа дополнителната државна помош му овозможи на клубот да ја заврши сезоната без долгови.
Клубот обезбеди итен заем од 20 милиони евра, со кој беа покриени сите плати на играчите и на персоналот за мај и за јуни. Сепак, долгорочниот план на клубот зависи од тоа дали клубот ќе биде преземен од американскиот бизнисмен и поранешен НБА играч Џамал Мешбурн, кој предводи група инвеститори подготвени да вложат 30 милиони евра во клубот.
Оваа инвестиција би можела значително да го зголеми буџетот на Монако и да му го обезбеди статусот во Евролигата.
Претседателот на француското првенство, Филип Осур, ја поддржува транзицијата, нагласувајќи дека е неопходна промена на сопственоста, иако сегашниот сопственик Алексеј Федориќев може сè уште да биде пречка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
