Ѕвездата на Сантош, Нејмар, не брза да се врати во својот клуб по настапот на СП 2026.
Синоќа Сантош го победи Универзидад Централ од Венецуела со 4-1 во Копа Судамерикана, без првата ѕвезда на тимот, кој, поради одморот по Светското првенство, сè уште не е влезен во посакуванот ритам.
Но, Нејмар секако си најде забава за време на паузата од фудбалот.
Слободното време го искористи за да го посети турнирот во покер од прва категорија во Бразил, кој штотуку започна и ќе трае следниот месец.
Во луксузен хотел во Сао Паоло, лежерно облечениот Нејмар беше специјален гостин и прва ѕвезда на вечерта, а организаторите брзо објавија снимки од пристигнувањето и игрите на фудбалерот.
🚨SANTOS VENCE POR 4X1 SEM NEYMAR JR 🇧🇷
O atacante foi desfalque do Santos na goleada por 4 a 1 contra a Universidad Central da Venezuela, pela Copa Sul-Americana.
♠️ Neymar compareceu ao BSOP (Brazilian Series of Poker) Winter — etapa do Campeonato Brasileiro de POKER — na… pic.twitter.com/pJsm2aP73K
— EiNews (@EiNewS24h) July 22, 2026
Нејмар, сепак, ќе го остави покерот настрана во наредниот период бидејќи веќе има обврски со Сантош во сабота – натпреварот од бразилското првенство против Чапекоенсе.
Се очекува тој да биде во тимот, иако стручниот штаб, како што изјавија Бразилците, нема да брза да го врати во тимот откако неспремен отиде на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
