„На Новак не му е добро, тажен е и потресен“

Поранешниот тенисер Радек Штепанек вели дека разговарал со Новак Ѓоковиќ по неговата дисквалификација на УС опен и дека Србинот воопшто не се чуствува добро поради целата ситуација која што се случи во Њујорк.

„Знам дека е тажен и потресен. На Новак не му е добро бидејќи тоа не го направи намерно и баш затоа само се зголемува болката. Тешко му е. Гладен е за трофеи и сака да биде тенисер со најмногу грен-слем титули. Оваа титула беше негова и баш затоа му е уште потешко. Знае дека погреши. Се труди да биде што подобар за до крајот на кариерата да биде најголем на сите времиња“, изјави Штепанек. 

Се очекува да видиме дали Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од Мастерсот во Рим кој треба да биде подготовка за последниот грен-слем годинава Ролан Гарос.

Се вчитува...