На одбраната и требаше сила – тука е Рохо „бананамен“ (видео)

Хуан Мата го постигна водечкиот гол за Манчестер јунајтед против Ростов, по што следеше период кога одбраната на „ѓаволите“ мораше да го издржи притисокот на гостите од Русија.

Жозе Мурињо знае што им е потребно на неговите играчи, но „специјалниот“ се надмина себеси кога преку Ешли Јанг му испрати на Маркос Рохо банана, за да добие на сила за завршницата од натпреварот.

Ситуацијата беше несекојдневна и смешна, но целта ги оправдува средствата – Јунајтед не прими гол до крајот и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Се вчитува...