На олимписките игри во Токио им се заканува најлошото можно сценарио

Ситуацијата со пандемијата од коронавирусот ги одложи Летните олимписки игри во Токио за една година. Сепак, и понатаму стои голем знак прашалник што ќе се случи и следното лето, бидејќи и понатаму безбедноста не е на највисоко ниво. Едно од сценаријата е и тоа натпреварувањата да поминат без публика. Тоа е веројатно најлошото можно сценарио, полошо дури и од тоа игрите да бидат откажани. Дека постои таква можност најави и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах.

„Сигурноста е главната грижа на организаторите во Токио. Олимписки игри зад затворени врати очигледно е нешто што не сакаме. Работиме на решение кое од една страна ќе го чува здравјето на сите, а од друга ќе го одржува олимпискиот дух“, изјави Бах. 

Игрите во Токио според сегашниот план треба да се одржат во периодо од 24. јули до 9. август следната година.

Се вчитува...