На отворањето на игрите во Токио ќе присуствуваат само 15 светски лидери

Лидери на 15 земји во светот и различни меѓународни организации ќе бидат на церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри во Токио. Тоа е значително помал број во однос на игрите во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и премиерот на Монголија, Лувсанмсраи Ојун-Ерден ќе бидат меѓу лидерите на земјите кои најавија присуство на отворањето, како и првата дама на САД, Џил Бајден.

Официјално лице од министерството за здравство на Јапонија изјави дека неодамнешното зголемување на бројот на заразени ги натера многу лидери да ја откажат посетата на Јапонија.

Се вчитува...