На Перез му е „преку глава“ од Рамос – Реал му даде ултиматум на капитенот

Флорентино Перез се чини го загуби трпението со Серхио Рамос. Капитенот сè уште не го продолжил договорот со „кралевите“, па затоа мадридскиот клуб му постави ултиматум.

Искусниот стопер има понуда за продолженување на кариерата во Реал, а како што тврди „Марка“ крајниот рок за потпис е до крајот на март. Изминативе денови имаше неколку состаноци, но одговорот на новиот едногодишен договор со опција за продолжување сè уште не е пристигнат од Серхио.

На Реал му треба одговор што е можно побрзо за да може навреме да се насочат кон алтернативи во случај Рамос да ја одбие понудата. Капитенот е играч на Реал Мадрид од 2005 година, тој стана симбол и легенда на клубот и сигурно ќе биде невообичаено да го видиме во друг дрес.

Се вчитува...