На Победа никако не и годи „романтика“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички успеа да најде „лек“ за да ја победи Победа и сега гледа и кон третото место на Силекс. „Романтичарите“ по триумфот од 4-2 сега имаат 45 бода, односно само еден бод помалку од кратовскиот прволигаш. Но, и само три бода повеќе од Академија Пандев, тимот на кој му гостуваат во следното коло. Многу возбудлива завршница на првенството во Првата фудбалска лига. Можеби одамна се разреши битката за шампионската титула, но затоа „гори“ во пресметките за излез во Европа, и за опстанок во елитата.

На Победа, дефинитивно не и годи „романтика“. И по овој пораз, воопшто не им е романтично на Мегленски и на фудбалерите…

 

 

Се вчитува...