На полувремето од Купот на Македонија: Ренова е шокирана од Струга Трим Лум… Победа губи во Штип!

Ренова изненадувачки губи со 0-2 пред своите навивачи, второлигашот Струга Трим Лум, на полувремето од првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија.

На дуелите кои се играат во моментов, предност по првите 45 минути имаат уште екипите на Шкендија, Тетекс, Брегалница и Силекс.

Со голот на Марио Станковски уште во 10 минута од средбата, Тетекс води на гостувањето против Кожуф во Гевгелија.

Струга Трим Лум, пак, води со 0-2 против Ренова во Тетово. Стрелци на головите на Струга Трим Лум беа Ветон Хани во 19. минута, и Аљтин Лога во 25. минута.

Брегалница со голот на Горан Здравков уште од 3. минута води во Штип против прилепска Победа.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (полувреме)

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 1-0

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-1

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 0-0

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-2

СКОПЈЕ – ЕУРОМИЛК ГЛ 0-0

КОЖУФ – ТЕТЕКС 0-1

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

ВАРДАР – ШКУПИ (одложена)

Се вчитува...