На повидок е спектакуларен трансфер во НБА

Филаделфија се соочува со огромен проблем на самиот почеток на новата сезона во НБА лигата. Незадоволството на Џејмс Харден кој под секоја цена сака да го напушти тимот предизвика сличен ефект и кај втората ѕвезда на тимот Џоел Ембид.

Камерунскиот центар кој во иднина ќе ја претставува репрезентацијата на САД изразил незадоволство од неконкурентниот состав за новата сезона во кој одново овој тим не е фаворит за титула и побарал трансфер, пренесува инсајдерот за Филделфија, Кит Помпеј. На ваква опција е подготвена и франшизата која вложи се во Ембид во изминатите години, но се чини дека ја загуби „вербата во процесот“.

Како следна дестинација за Ембид се јавува Њујорк каде актуелниот МВП на регуларниот дел од сезоната е главна цел на Никс. Во правец на Филаделфија се очекува да заминат Џулиус Рендл, Ар-Џеј Берет, Еван Фурние и Мичел Робинсон.

Се вчитува...