На Розенборг му е познато Скопје, но сега ривал е Шкендија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Норвешкиот тим Розенборг ја почувствува атмосферата на арената „Филип Втори“, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против Шкендија во плејоф колото за пласман во групите од Лигата на Европа. Избраниците на Рини Кулен имаат предност (3-1) од првиот дуел во Норвешка, но тоа не им е гаранција дека ќе успеат да се пласираат понатаму. Лани Розенборг одигра 1-1 со Вардар во Скопје во групите од ЛЕ, сега за ривал ќе ја има Шкендија.

Најголем адут на норвешкиот тим и понатаму е Никлас Бендтнер, данскиот напаѓач кој стрелаше токму против Вардар на овој ист стадион…

 

Се вчитува...