Белоруската тенисерка Арина Сабаленка успешно го започна настапот на турнирот во Пекинг, откако без поголеми проблеми ја совлада Рената Заразуа со 6:1, 6:3 и обезбеди место во третото коло.
Сабаленка која на турнирот е поставена како втор носител, за нешто повеќе од еден час ја заврши работата против мексиканската претставничка.
Од самиот почеток беше јасно дека Сабаленка нема да ѝ дозволи на противничката да се наметне. Рано направи брејк за 2:0, а со уште еден одземен сервис во продолжението на сетот стигна до убедливи 6:1.
Во вториот сет Заразуа се обиде да пружи поголем отпор, но Сабаленка повторно го контролираше ритамот. Клучниот момент се случи во третиот гем, кога Белорусинката направи брејк без да загуби ниту еден поен. До крајот успеа да ја задржи предноста, а со нов брејк во деветтиот гем го затвори мечот со 6:3.
Посебно впечатлив беше сервисот на Сабаленка. Таа реализираше 11 аса и не ѝдозволи на Заразуа да стигне до ниту една брејк-топка.
Во третото коло ја очекува дуел со Чехинката Никола Бартункова која беше подобра од Магдалена Фрех со 6:2, 6:2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
