На Шкендија и се стемни, во Салцбург снема струја (ФОТО)

Мечот во Салцбург никако да заврши за Шкендија, откако пред самиот крај снема струја на стадионот на Салцбург, па овој меч е во прекин.

Тетовци се во негатива од 3-0, а само две минути откако останаа со играч повеќе на теренот по црвениот картон на Јунузовиќ, дојде до дефект во електричната мрежа поради што судијата беше принуден да го прекине дуелот.

По неколку минути средбата сепак продолжи, но на крајот заврши со конечни 3-0, резултат што не ветува ништо добро во пресрет на реваншот во Скопје.

Се вчитува...