На словенечката легенда му годи татковината: Иличиќ се „опуштил“ по враќањето во Марибор (ФОТО)

Еден од најдобрите словенечки фудбалери на сите времиња Јосип Иличиќ, летово се врати во својата татковина и потпиша за Марибор. После долги години играње во Италија во дресот на Аталанта, каде што беше еден од најдобрите, се одлучи да ја прекине интернационалната кариера и да се врати дома.

Очигледно играњето дома го смени и неговиот физички изглед, па полека 34-годишното крило се подготвува за пензионерски денови. Фотографијата покажува дека Иличиќ прилично се поправил после само неколку месеци минати во Марибор.

Тоа се гледа и низ видеото, но преголемиот број на килограми, барем за еден фудбалер, не му пречеа да постигне еден од головите за својата екипа во дуелот со Мура.

Се вчитува...