На сред Мундијалот, Кејн донел одлука околу неговата клупска иднина

Барселона, Реал Мадрид… се само дел од тимовите за каде се поврзуваше гол машината на Баерн Минхен, Хари Кејн. Англичанецот е главен адут за успех на „Гордиот Албион“ на овој Мундијал, а тој тоа го покажа уште по првиот натпревар против Хрватска.

Според германските избори, Кејн веќе донел одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. И покрај големиот интерес, тој веќе им соопштил на челниците на Баерн Минхен дека сака да остане во таборот на „Баварците“.

И Баерн Минхен е задоволен од неговите настапи и бројки, и е подготвен да му понуди продожување на соработката до 2029 година. Ова е голема вест за Баерн, кој ќе го има и во следните три сезони најдобриот стрелец, со кој ќе може да освојува титули како во Германија, така и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...