На Суперкупот на Европа не смее да се навива со македонско знаме?!

На Суперкупот на Европа, дуелот меѓу европскиот првак Реал Мадрид и победникот во ЛЕ, Манчестер јунајтед, нема да може да се навива со други знамиња, освен наменети за клубовите финалисти. Тоа значи дека нема да може да се навива ниту со македонски знамиња. Ова е сепак правило на УЕФА за да не се „украде шоуто“ за клубовите финалисти на овој голем европски фудбалски меганастан во Скопје.

Ова го потенцира и ФФМ со соопштение на својот сајт.

УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија упатуваат потсетување до сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед на Националната арена „Филип Втори“ дека ќе биде дозволено внесување на знамиња единствено на клубовите финалисти, како и Националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија). Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени. 

Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки.

Ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери. 

На сите гледачи им посакуваме незаборавен Супер Куп / Скопје 2017. 

Се вчитува...