На Турците нема да им биде лесно (фотогалерија)

ЕКИПА во Истанбул,

Горан Бошев

Македонските фудбалери го одржаа денешниот тренинг на стадионот каде што нашата национална селекција утре ќе излезе на мегдан против Турција, во „генералката“ што овој ривал ќе ја има во пресрет на СП 2026.

Уште еден меч со квалитетен ривал, можност за новиот селектор да види на дело потенцијални репрезентативци и да добие појасна слика пред предизвиците во Лигата на Нации закажана за претстојната есен.

Атмосферата е на највисоко ниво, домаќинот можеби е фаворит на хартија, но сите во црвено-жолтиот табор едногласно најавуваат – на Турците нема да им биде лесно да стигнат до резултатот што го посакуваат.

Одбраната ни е на ниво на претходните две средби, време е и нападот да профункционира, почнувајќи од утрешниот дуел во Истанбул.

Се вчитува...