На УС опен место линиски судии ќе има „Око соколово“

Организаторите на УС опен најавија значајни промени на турнирот кој сезонава ќе се одржи во време на пандемија од коронавирус. Промената се однесува на носење одлуки околу поените, бидејќи место линиските судии на поголемиот дел од терените ќе ја има само видео технологијата која е позната како „Око соколово“.

Во текот на егзибициските мечеви видовме како е да се игра само со главен судија, а така ќе биде и на УС опен. Тенисерите ќе држат дистанца, нема да има ракоување, а нема да може да го чуеми ниту препознатливото „аут“.

Сето тоа значи дека нема да има човечка одлука и секој сомнителен поен ќе биде одлучен со технологија. Тенисерите нема да имаат право на челинџ бидејќи се ќе биде прегледано со „Око соколово“. Годинашното издание на УС опен ќе се одржи во периодот од 31. август до 13. септември.

Се вчитува...