На Вардар не му оди во „црно-бело“ (ФОТО)

Вардар разочара со слабата игра на терен, но актуелниот македонски првак изненади и со изгледот на опремата на вечерашниот дуел од Суперкупот на Македонија, на кој „црвено-црните“ се појавија во „црно-бела“ варијанта.

Вујовиќ ќе има полни раце работа во наредниот период, сигурно тимот ќе игра подобро кога ќе настапат сите оние кои денешниот дуел го следеа од трибините, но за екипа што е бранител на двојната круна во Македонија, воедно и наш претставник во ЛШ и во СЕХА-лигата, напредокот ќе мора да биде многу, многу поголем…

Очекуваме Вардар наскоро повторно да биде „црвено-црн“ кога станува збор за опремата, но и да почне да прикажува игра на терен каква што му доликува на акуелниот првак на Македонија.

Се вчитува...