По навика – нов трофеј во рацете на „вардарци“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кревањето на трофеи им прејде во навика на ракометарите на Вардар. По освоените пехари на крајот на минатата сезона во Лигата на шампионите, СЕХА и домашниот шампионат, овојпат со нов тренер во името на Давид Писонеро, „црвено-црните“ стигнаа до првиот трофеј во новата сезона, во Суперкупот на Македонија.

Металург лани приреди сензација, но годинава немаше сили за ништо слично, „црвено-црните“ доминираа цел натпревар и заслужено дојдоа до посакуваниот пехар, како увертира за првиот домашен меч во ЛШ против екипата на Порто.

Се вчитува...