На Винициус му го укинаа црвениот картон на „Местаља“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор ќе може да настапи против Рајо Валјекано вечерва, откако судиската комисија на Ла Лига му го поништи црвениот картон кој го доби на натпреварот против Валенсија на гостувањето на „Местаља“.

Бразилецот беше исклучен во судиското надополнување од вториот дел, откако удри противнички играч. Но, судиите во ВАР собата погрешно ја проценија ситуацијата, односно се гледа дека играчот на Валенсија прв го удрил фудбалерот на Реал Мадрид. Сите судии од ВАР собара се суспендирани.

Винициус целиот натпревар трпеше расиситички навреди од трибините, а бил навредуван и од противничките играчи. Поради тоа е почната истрага, откако Реал ги пријави навивачите и Валенсија како организатор н анатпреварот, а полицијата уапси неколку навивачи. Валенсија поради таа ситуација ќе мора да плати казна од 45.000 евра и да затвори дел од стадионот.

Се вчитува...