На Зверев не му доаѓа памет – наместо во изолација, на забава со стотици луѓе

Александар Зверев го навлече бесот на тениската јавност откако по социјалните мрежи беа објавени видеа од него на приватна забава во Франција.

Само за потсетување, германскиот тенисер беше дел од „Адрија Тур“ каде неколку играчи со кои се дружеше беа позитивни на коронавирусот. Неговиот тест се покажа негативен, но лекарите му препорачаа да остане во самоилозација бидејќи може да дојде до промена на состојбата во наредните денови (Горан Иванишевиќ имаше два негативни теста, пред третиот да се покаже позитивен).

„Се извинувам на сите кои ги ставив во ризик. Ќе продолжам да ги следам препораките за самоизолација. Останете безбедни“, порача Зверев пред неколку дена.

За синоќа да замине на приватна забава со над сто гости, ставајќи ги сите во ризик.

Се вчитува...