Начевски и Николов, „финалисти“ во трката за наградата „Најдобри ракометни судии за 2023“

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и оваа година судат на највисоко ниво на терените ширум Европа, па сосема очекувано е најдоа во финалето на изборот за „Најдобри судии во 2023 година“, во организација на порталот „Хендбол Планет“.

Организаторот на изборот го објави изборот на финалисти, па Начевски и Николов за противници во оваа трка ќе ги имаат Новотни и Хорачек од Чешка, потоа Лах и Сок од Словенија, како и Шулце и Тонис од Германија. Во гласањето учествуваат ракометните фанови ширум Европа, но и стручно жири од новинари од десет различни држави, од кои Македонија ја претставува колегата од специјализираниот ракометен портал „Г-Спорт“, Ристо Ѓамовски.

Начевски и Николов беа први победници на овој избор во 2016 година. Ланската година ова признание им припадна на Хрватите Губица и Милошевиќ.

Се вчитува...